

ПРОДАЖНИ МЕСТА
ГТЦ Кеј 13 Ноември ББ - 1 кат Скопје +389 (0) 75 283 215
Ул. Илинденска бр.82, 1400 Кавадарци +389 (0) 75 283 212
ЗА НАС
N Sport е еден од водечките дистрибутери на позанти спортски и модни брендови, и има
повеќе од 100 продажни места на териториите во Македонија, Србија и Босна и
Херцеговина.
Нашиот фокус е задоволување на потребите на сите наши потрошувачи. Па, поради тоа
нудиме широк спектар на уникатни модели.
Двата најголеми концепти на компанијата се N Sport и N Fashion.
N Sport е концепт за потрошувачи со активен спортски живот. Брендовите кои можете да
ги пронајдете во нашите продажни места се: Puma, Skechers, Adidas, Lumberjack,
Copperminer, Planika, ECCO,..
Визија
Визијата на компанијата е да биде лидер на пазарот во поставување на трендови, поттикнување на иновации и индивидуалност.
Историја на компанијата
1995 Основана е компанија N Sport
1997 N Sport станува официјален дистрибутер на спортскиот бренд PUMA за Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина
2000 Отворање на првата продавница за малопродажба N Sport во Србија
2003 N Sport станува официјален дистрибутер за надворешна и зимска програма за скијање на австриската компанија Northland Professional
2005 Отворање на првата продавница за малопродажба N Sport во Босна и Херцеговина
2008 N Sport станува официјален дистрибутер на познатите европски модни брендови Staff Jeans (Грција), No Excess (Холандија)
2009 Отворање на ексклузивниот мулти-бренд моден концепт N Fashion низ Србија
2011 N Sport станува официјален дистрибутер за италијанскиот бренд Sergio Tacchini
2012 N Sport станува официјален дистрибутер за спортскиот бренд Russell Athletic за Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора
2013 брендот PUMA во соработка со компанијата N Sport стана технички спонзор на ФК Црвена звезда и ВК Црвена звезда.
2013 N Sport започнува со онлајн продажба и развива модерна онлајн продавница
2016 N Sport стана генерален дистрибутер на францускиот премиум бренд Lacoste за Србија
2017 компанијата отвора нов продажен мулти-бренд концепт N Selection, чија понуда вклучува најдобар избор и специјални линии на познати спортски и модни брендови
2017 N Sport ја проширува дистрибуцијата на брендот PUMA за хрватскиот и словенечкиот пазар
2018 брендот PUMA во соработка со N Sport станува технички спонзор на Фудбалскиот сојуз на Србија