Trail трчање е познато како трчање по природни патеки, и станува сè популарно помеѓу оние кои сакаат да ја избегнат градската бучава. Овој облик на трчање се одвива надвор од уредените патеки за трчање, во планинските предели. Покрај
тоа што претставува физички предизвик, овој вид на трчање ви нуди единстваена прилика да се поврзете со природата, да истражите нови предели и да се ослободите од стресот.
Каква опрема ви е потребна за trail трчање?
Еден од најважните аспекти на trail трчањето е адекватната опрема. Иако на прв поглед може да делува дека ви е потребна слична опрема како и за класичното трчање, условите на непредвидливите терени бараат посебна припрема.
Патиките за trail трчање се најверојатно најважниот дел од опремата. За разлика од обичните патики, кои се дизајнирани за рамни и тврди површини, како што се на пример асвалтираните површини, патиките за trail трчање имаат цврст ѓон,
подлабок профил и подобро прилагодување на нерамни и лизгави површини. Имаат додатна заштита во предниот дел кај прстите и петата за заштита од камчиња, корења и други мали препреки. Доста голем дел од нив имаат и заштитна мембрана, која е доста корисна во влажни услови.
Облеката за trail трчање треба да биде лесна, прозрачна и изработена од матерјал кој брзо се суши. Во зависност од временските услови, како и локацијата, слоевитото облекување може да биде клучно како би се избегнале
настинките. Водоотпорните јакни отпорни на ветер и тенките блузи на долг ракав кои овозможуваат заштита од сонце и гребнатинки, често се дел од основната опрема.

Разлика помеѓу обично и trail трчање
Постојат неколку клучни разлики помеѓу трчањето по асвалт и trail трачањето, и тоа не само во опремата туку и во техниката на трчање.
Највоочливата разлика помеѓу овие два вида трчања е теренот. Додека трчањето по асвалтот е право и предвидливо, trail трчањето подразбира нерамни стази, камења, кал, корења од растенија и многу други препреки. Тоа бара прилагодување на темпото, пократки чекори и зголемување на внимание од незгоди. Честата промена на теренот, како и техничките стази, го прават овој облик на трчање подинамичен и по предизвикувачки.
Поради природата на теренот, трчањето по природните стази е поспоро во однос на асвалтните. Препреките и промените на тлото, често бараат успорување и прилагодување.
Додека трчањето по асвалтни патеки може да биде монотоно, trail трчањето бара постојана концентрација и внимание. Секој чекор мора да биде внимателно испланиран како би се избегнале незгодни повреди, со што го зголемува
психичкиот ангажан кај овој вид на трчање.
Trail трчањето активира различни мускулни групи во човечкото тело. Поради нееднаквиот терен ножните мускули, а посебно на листовите и квадрицепсите, работат поинтезивно, како би ја задржале рамнотежата. Исто така, поради горништата и долништата, при trail тчањето се активираат и мускулите од горниот дел на телото.

Бенефити од trail трчањето
Trail трчањето ни носи доста бенефити, како за телото, како и за умот и тоа: комбинацијата на различни терени озовмжува интезивен тренинг на вашето срце и белите дробови. Постојната промена на ритамот и потребата за адаптација на теренот, допринесува за подобра снага на телото и поголема конција.
Иако трчањето по нерамни површини може да делува опасно, всушност trail трчањето го намалува ризикот од повреди во однос на трчањето по асвалт. Тврдите површини, како што е асвалтот, претставуваат оптеретување за зглобовите, додека пак помеките природни терени го амортизираат секој чекор, со што се намалува ризикот од хронични повреди, како што се болки во колената и долниот дел од грбот.
Трчањето во природа го зголемува чуството на слобода и го ослободува стресот. Постојаната концетрација на препреките, како и поврзувањето со природата, помага при развој на менталната сила и фокусот.