Зголемената свест за спорт ни донесе и голем број на разноврсни патики за спорт патики за трчање, патики за кошарка, патики за вежбање… Иако намената на сите овие врсти на патики е спортување, тие се разликуваат по своите перфоманси.
Спортски патики за трчање
При купувањето на спортски патики, важно е добро да ги познавате вашите стапала. Доста е важно дали имате широко или тесно стапало, рамни или правилни табани, како и должината на стапалото. При изборот на величината секогаш додавајте барем уште половина сантиметар. Исто така при изборот на соодветни патики доста важна улога игра и брендот.
Патиките за трчање вообичаено се произведуваат со полесни и прозрачни материјали. Оптимални се за движење од петата до прстите и обезбедувааат поголем након низ целото стапало (малку подигната пета во однос на прстите). Со други зборови, патиките за трчање се посебно дизајнирани за движење на стапалата нанапред. Имаат додатни перничиња (мемори пена) за поголема удобност и високо ниво на амортизација при секој чекор.
Патиките за трчање се погодни за асвалтирани површини или пак земјени патеки. Користењето на патики за трчање во текот на оваа активност, може да помогне при намалување на ризикот од повреда на зглобовите, а посебно за повреди на коленото.
Наш предлог на машки патики за трчање се PUMA Anzarun Lite Bold.
Овој модел на машки патики е изработен од прозрачен мрежаст материјал, кој овозможува доволно проток на воздух. Ѓонот му е прилагоден за трчање и е лесен при секој чекор.
Женскиот модел Puma Flyer Flex WN’S исто како и машкиот, е изработен од прозрачен мрежаст материјал и има перфоманси кои го подржуваат трчањето.


Патики за кошарка
Патиките за кошарка се дизајнирани со тоа што ќе ви пружат поддршка, стабилност и удобност при тренирањето на овој спорт. Кошарката како спорт бара многу странични движења и скокови, па поради тоа овие патики се со висок профил, како би спречиле повреди при самиот тренинг.
Добрата амортизација е клучна за апсорбирање на ударите при скоковите и при трчањето, па поради тоа овие патики имаат соодветни перничиња или пак технологија погодна за оваа намена. Вообичаено имаат специфичен ѓон, кој овозможува добар контакт со подот и спречуваат лизгање. Овие типови на патики обично се изработени од природна кожа, еко-кожа или пак текстил, која ја даваат потребната флексибилност и слободен проток на воздух. Некои модели на кошаркарски патики имаат додатни карактеристики како што се појачување во предниот дел кај стапалата, поради заштита од удари во предниот дел.
Иако тежината може да биде различна, најчесто овој вид на патики се полесни како би овозможиле побрзи движења. Овие карактеристики може да се разликуваат во зависност од брендот, моделот и намената. Важно е да се изберат патики кои ќе одговараат на вашиот стил на игра и на вашето стапало, како би можеле максимално да уживате во играта.
Доколку сте љубители на кошарката ви ги предлагаме Adidas Ownthegame 2.0 и Adidas Hoops 3.0.


Патики за вежбање
Патиките за вежбање се погодни за различни физички активности, како што се:
Фитнес, аеробик, пилатес, кик бокс, …
За разлика од патикте за трчање, патиките за вежбање е погодни за различни движења. Овој тип на патики имаат низок профил и рамен флексибилен ѓон.
Наш предлог на модел за овој тип на спортување за жени е Skechers Arch Fit и за мажи Skechers Glide-Step Swift Turnide.

